(Видео) Автобус се заби во продавница во Лондон, повредени 19 луѓе, меѓу кои и деца

Најмалку 19 луѓе се повредени кога автобус влетал во продавница во источниот дел на Лондон.

Повреден е и возачот, а пожарникарите со помош на специјална опрема морале да го ослободат од седиштето.

Портпаролот на лондонската брза помош изјави дека во болница се пренесени пет лица, двајца возрасни и три деца, пишува „Скај њуз“.

Автобусот, утрово, околу 8.20 часот, на авенијата Селвин удрил во зградата во која се наоѓа електричната трафостаница. На местото на несреќата пристигнале возила на брзата помош со цел што побргу да им се укаже прва помош на повредените.

Училиштето „Хајмс Парк“ објави дека некои од неговите ученици биле во автобусот во моментот на несреќата.

„Сите повредени ученици добија лекарска помош. Стапивме во контакт со родителите на сите повредени ученици. Соработуваме со итната помош и нашите вработени се на местото на несреќата. Ќе ги информираме родителите за развојот на настаните”, објави училиштето на „Твитер“.

Сопственикот на локалното кафуле, кој помогнал во спасувањето на патниците, изјавил дека меѓу повредените има и неколку ученици, кои биле исплашени и плачеле.

Текстот (Видео) Автобус се заби во продавница во Лондон, повредени 19 луѓе, меѓу кои и деца е превземен од МАКФАКС.