(Видео) Бајден заспа на Самитот во Глазгов

Медиумите во светот пренесуваат видео на кое се гледа дека американскиот претседател Џо Бајден, на Самитот за климата во Глазгов, повторно заспал при првичните говори на отворањето на тој собир.

Бајден е снимен како седи со скрстени раце и заспива додека истовремено се бори да ги држи очите отворени, пренесува лондонски „Мирор“.

US President Joe Biden appears to doze off while waiting to give a speech at #COP26.

Read more here: https://t.co/CnFFIZpSxB pic.twitter.com/OlSlOXmvOi

— Sky News (@SkyNews) November 1, 2021

На видеото кое го сподели новинарот на Вашингтон пост, се гледа како 78-годишниот Бајден дреме, по што му приоѓа помошник кој го буди.

Бајден потоа ги отвори очите, ги спушти рацете и му аплаудираше на говорникот кој ја заврши својата презентација.

„Ух, тоа не е најдоброто издание кога се обидувате да му кажете на светот да се разбуди“, напиша британскиот новинар Пирс Морган, кој го ретвитна видеото.

Текстот (Видео) Бајден заспа на Самитот во Глазгов е превземен од МАКФАКС.