(Видео)Бојко Ноев: Загрижен сум поради тоа што Кирил Петков добива лоши совети за надворешната политика

//

Поранешниот министер за одбрана на Бугарија и експерт за национална безбедност Бојко Ноев во опширно видео интервју во емисијата на Љуба Кулезич „Чесно кажано“ ја коментираше посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков во РС Македонија.

Според него, кога надворешната политика се води еднолично тоа може да доведе до проблеми.

„Гледам таква еднолична желба за решавање на проблемите со Република Северна Македонија, што нема да доведе до добро. Загрижен сум што Кирил Петков добива лоши совети и можеби не навлегол во овие проблеми со РС Македонија. Јас еднаш реков дека Кирил Петков не е ништо помалку Бугарин од нас. Неговата работа е да се справи со мафијата и да ги штити Бугарите од Ковид“, додава експертот.

„Бугарија е посветена да се договори за членство на РС Македонија во ЕУ за шест месеци, но за тоа да се случи, мора да се случи процес, за да се убеди бугарската јавност дека се решени проблемите што постојат меѓу двете земји. Токму затоа се измислени т.н. работни групи“, коментира Ноев.