(Видео)Бујар Османи пристигна во „Пирогов“

//

Министерот за надворешни работи Бујар Османи пристигна во „Пирогов“, каде беа сместени повредените во тешката сообраќајка на автопатот „Струма“.

Тој пред новинарите изјави дека автобусот сообраќал од Истанбул за Скопје. Во него имало 53 патници, десетици деца. Повеќе од 40 луѓе загинаа.

Османи рече дека туристичката агенција е од Скопје и дека најверојатно повеќето граѓани се од Скопје.

Според непотврдени информации загинале 10 деца.