(Видео) Драматични снимки од илјадници мигранти на границата на Белорусија и Полска, кои сакаат да влезат во ЕУ

Илјадници луѓе минуваат низ Белорусија, која е обвинета дека им дозволува на мигрантите да стигнат до границата на ЕУ како одмазда за економските санкции, пренесуваат руските агенции.

Според новинарските извештаи, Полска ги мобилизира своите територијални одбранбени сили за да им помогне на граничните контроли да ја спречат групата да влезе во ЕУ бидејќи се плаши од насилен конфликт.

Со војници од двете страни на границата и илјадници очајни лица да ја преминат, хуманитарната ситуација ризикува да излезе од контрола, пишуваат информативните гласила.

Во написите стојат анализи дека Белорусија сака да предизвика голем инцидент, можеби со пукотници и жртви. Според извештаите на медиумите, тие подготвуваат голема провокација и дека ќе има обиди за масовно преминување на границата, изјави полскиот заменик-министер за надворешни работи, Пјотр Ваврзик, за полското јавно радио.

#Belarus Look at what is happening on the border. A huge crowd of migrants is walking towards the Polish border. Bruzgi-Kuznica border crossing pic.twitter.com/XVroOj9eGQ

— Hanna Liubakova (@HannaLiubakova) November 8, 2021

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како голем број луѓе пешачат по автопатот кон границатa.

Еден полски министер проценил дека масата броела 12.000 луѓе, но тоа, според него, не може со сигурност да се потврди.

Текстот (Видео) Драматични снимки од илјадници мигранти на границата на Белорусија и Полска, кои сакаат да влезат во ЕУ е превземен од МАКФАКС.