(Видео) Еми Росум елегантна на премиерата на „Анџелин“ во Лос Анџелес

Еми Росум беше главна дама на премиерата на „Анџелин“ (Angelyne) во Лос Анџелес во вторникот вечерта.

35-годишната актерка, која го глуми насловниот лик на серијата на „Пикок“, позира пред кадифена розова заднина во блескав црн фустан без прерамки со украси со скапоцени камења и шлиц до бутовите.

Серијата ја следи истоимената русокоса бомба која се прослави во 80-тите кога нејзиниот провокативен имиџ и култен мононим се појави на билбордите во Лос Анџелес.

Медиумите потсетуваат на карактеристиките што ја дефинираа – естетика инспирирана од Барби, волуменозна руса коса, розова „корвета“ со меурчиња и обилна биста.

Но, Анџелин ќе остане своевидна енигма бидејќи иако е доследна на секси-имиџот што го проектира, многу малку се знае за нејзиниот приватен живот.

Серијата од осум епизоди е лабаво базирана на напис на Гери Баум за „Холивуд репортер“ (2017), кој ги откри тајните на нејзиното потекло, вклучително и тоа дека е ќерка на преживеани од холокаустот, родени во Полска.

Angelyne ќе биде достапна во целост в четврток, 19 мај, на стриминг-услугата на Ен-би-си, „Пикок“.

Текстот (Видео) Еми Росум елегантна на премиерата на „Анџелин“ во Лос Анџелес е превземен од МАКФАКС.