(Видео) Ерупција на подводен вулкан во Пацификот, неколку земји издадоа предупредувања за цунами

Во неколку држави е издадено предупредување за цунами по ерупцијата на подморски вулкан во Тихиот Океан.

Меѓу тие држави се Тонга и Нов Зеланд. САД, исто така, издадоа предупредување кое се однесува на Американска Самоа.

Tonga’s Hunga Tonga volcano just had one of the most violent volcano eruptions ever captured on satellite. pic.twitter.com/M2D2j52gNn

— US StormWatch (@US_Stormwatch) January 15, 2022

Жителите на Тонга пријавиле дека пепел паѓа над главниот град Нукуалофа. На жителите им било кажано да се преместат во области со поголема надморска височина.

Stay safe everyone 🇹🇴 pic.twitter.com/OhrrxJmXAW

— Dr Faka’iloatonga Taumoefolau (@sakakimoana) January 15, 2022

Ова е најнова во серијата ерупции на вулканот Хунга Тонга-Хунга Хапаи.

„Буквално можеше да се слушне ерупцијата“, објави еден жител на Тонга на „Твитер“.

Текстот (Видео) Ерупција на подводен вулкан во Пацификот, неколку земји издадоа предупредувања за цунами е превземен од МАКФАКС.