(Видео) Гневни демонстранти го каменуваа канадскиот премиер Џастин Трудо

Канадскиот премиер Џастин Трудо беше погоден со камења што демонстрантите ги фрлија кон него за време на неговата турнеја низ Лондон во Онтарио. Тој се враќал во својот автобус по посетата на локална пиварница кога бил погоден од камења. Како што пренесува Би-би-си, тој не е повреден.

Трудо распиша предвремени избори кон средината на август, со надеж дека ќе добие мнозинска влада за неговата Либерална партија. Но, неговата кампања беше нарушена со демонстрации против задолжителната вакцинација против Ковид-19 и другите ограничувања.

Rocks thrown at liberal leader Justin Trudeau at event in London. #cdnpoli #elxn44 pic.twitter.com/UlJT2GBhCD

— Hannah Thibedeau (@HannahThibedeau) September 6, 2021

Пред нешто повеќе од една недела, премиерот беше принуден да го откаже изборниот митинг поради толпа лути демонстранти.

Говорејќи пред новинарите во неговиот предизборен авион по инцидентот во Лондон, Онтарио, Трудо рече дека можеби бил удрен во рамото и го спореди инцидентот со тоа кога една жена фрли семки од тиква кон него во 2016 година.

Според известувачот на „Си-ТВ Нешенал њуз“, две лица кои патувале со автобус за медиуми, исто така, биле погодени од камења, но тие не биле повредени.

Текстот (Видео) Гневни демонстранти го каменуваа канадскиот премиер Џастин Трудо е превземен од МАКФАКС.