(Видео) Историска прва вселенска прошетка за кинеска астронаутка

Кинеската астронаутка Ванг Јапинг во неделата влезе во историјата со тоа што стана првата Кинезинка која направи вселенска прошетка, соопшти Националната вселенска агенција.

Ванг и нејзиниот колега, астронаутот Жаи Жиганг, двајца од тричлениот тим кој моментно е стациониран во новата кинеска вселенска станица „Тјангонг“, успешно ја завршија 6,5-часовната вселенска прошетка во раните утрински часови, соопшти Кинеската вселенска агенција (CMSA). Третиот член на екипажот Шенжу-13, Је Гуангфу, останал во вселенската станица за да ја следи прошетката од основниот модул, пишува Си-ен-ен.

За време на вселенската прошетка, астронаутите вградиле уред за суспензија и приклучоци за пренос на роботската рака на станицата. Тие, исто така, ја тестирале безбедноста на помошната опрема, вклучително и кинескиот вселенски костум. Ова е првпат екипажот да ја напушти станицата по пристигнувањето на 16 октомври.

Набргу по излегувањето од вселенската станица во неделата, Ванг ја поздрави публиката на Земјата и рече дека се чувствува одлично.

Видеото го објави контролниот центар и набрзо се прошири на кинеските социјални мрежи. Ванг е втората Кинезинка во вселената. Во историјата се запиша Лиу Јанг, која во 2012 година беше член на екипажот на вселенското летало Шенжу-9.

Текстот (Видео) Историска прва вселенска прошетка за кинеска астронаутка е превземен од МАКФАКС.