(ВИДЕО) Кавга пред училиште: Mајка не го пушта детето да носи маска, него не го пуштаат без маска

/

Една од предводниците на протестите против ковид мерките кои се одржаа минатото лето, Гордана Гоџо, сними вербален конфликт пред влезот на основно училиште каде вработените не и дозволуваат на нејзината ќерка да влезе без заштитна маска.

Вработените на училиштето инсистираат на почитување на ковид протоколите, кои налагаат секое од децата да носи заштитна маска и да му биде измерена температура при влез во училиштето, додека Гоџо инсистира нејзината малолетна ќерка да присуствува на часовите без да носи заштитна маска.


Додека таа го снима видеото, нејзината ќерка почнува да плаче велејќи „Сакам да одам во школо како сите деца“, а таа и останатите возрасни се обидуваат да го смират девојчето кое е сведок на драмата пред училиштето.