(Видео) Лидерите на Г-20 фрлаа парички во фонтаната „Ди Треви“

Лидерите на најголемите светски економии беа во обиколка на знаменитостите на Рим, вклучувајќи ја и Фонтаната „Ди Треви“, пред да се договорат за нивната конечна изјава околу климатските промени и да го завршат дводневниот собир.

Секој од лидерите од групата 20 најиндустриски развиени земји во светот и земјите во развој фрли паричка во фонтаната, прославена како позадина во многу филмови, меѓу кои најпознат е „La Dolce Vita“ на Федерико Фелини.

Се верува дека кој ќе фрли паричка во фонтаната ќе се врати во Рим.

Во денешното фрлање паричка не учествуваа сите лидери на Г-20, а меѓу отсутните беше и американскиот претседател Џозеф Бајден.

Фонтаната го прикажува Нептун, богот на морето, како ги смирува водите. Изградена во ѕидот на палатата Поли, фонтаната го добила името по локацијата на спојот на три улици во историскиот центар на Рим.

Од фонтаната редовно се вадат монети и се донираат во добротворни цели.

Текстот (Видео) Лидерите на Г-20 фрлаа парички во фонтаната „Ди Треви“ е превземен од МАКФАКС.