(Видео) Максим Димитриевски слави: Леле луѓе што направивме!

//

Независниот кандидат за градоначланик на Куманово, Максим димитриевски, прогласи победа во вториот круг од локалните избори.

Тој на својот Фејсбук профил се вклучи во живо од изборниот штаб. Присутните еуфорично го извикуваа неговото име и порачаа: „Готови се!“.

Димитриевски во вториот круг се трка со кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски.