(Видео) Мицкоски: Мафијата не била само во МВР, туку е распространета и во македонската дипломатија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешната изјава во пресрет на настанот за промоција на кандидатот на градоначалник на општина Гази Баба во врска со скандалот со македонските дипломати истакна дека мафијата не била само во МВР, туку, како што рече, е распространета и во македонската дипломатија, a оваа власт продолжува да ја задушува и срами државата.

„Кога на почетокот ја обелоденивме онаа афера со лажните пасоши, со пасоши што се даваат на балкански наркобосови, тогаш од страна на власта бев обвинет дека сум саботирал акција што била во тек, сега видовме дека мафијата не е само во МВР, туку мафијата своите пипала ги пуштила и во дипломатијата, затоа имаме случај каде што по дипломатски канали биле евакуирани лица што биле барани преку Интерпол и другите партнерски држави“, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека сето ова е дел од, како што рече, политичкото мочуриште што Владата на СДСМ и ДУИ го донела во Македонија.

На настанот за промоција на кандидатите за градоначалници во Гази Баба, Мицкоски ги претстави Бобан Стефковски и Данела Арсовска како идни градоначалници на општината, односно на град Скопје.

Текстот (Видео) Мицкоски: Мафијата не била само во МВР, туку е распространета и во македонската дипломатија е превземен од МАКФАКС.