(Видео) Напаѓачот од Русија објавил детали за нападот во универзитетот, во кој уби најмалку шест луѓе и рани 28

Приведениот напаѓач на универзитетот во Русија, Тимур Бекмансуров, објавил долго детаљно објаснување за својата подготовка за нападот, во кое тврди дека тоа било негов сон за масовно убиство, со сите можни средства и додал дека не е терорист.

Бекмансуров утрото влезе во Пермскиот државен универзитет, што е водечка образовна институција во градот, на нешто повеќе од 1.000 километри источно од Москва и почнал да пука, при што убил најмалку шест лица, а ранил уште 28.

18-годишникот – студент во прва година, бил на универзитетот десет дена и студирал форензичка наука.

Во изјава за новинската агенција ТАСС претставник од регионалната медицинска служба рекол дека стрелецот е жив, но ранет и во моментот се наоѓа на интензивна нега.

Пред нападот убиецот на социјалната мрежа „Вконтакте“ напишал дека неговата мотивација не е религиозна или политичка, туку сон што го имал долго време поради неговата омраза кон сите околу него, исто така истакнувајќи дека размислува да користи автомобил, бомба или нож наместо пиштол. Тој исто така детаљно опишал како купил пиштол и обуката за огнено оружје, како и процесот на добивање лиценца.

Mass shooting in Russia University Perm pic.twitter.com/5puJ3KVD87

— Wallstreetbets (@wallsteetbets) September 20, 2021

Според официјалната портпаролка на Министерството за внатрешни работи, нападот го спречил помлад полициски поручник, сообраќаен инспектор, кој прв влегол во главната зграда.

За време на нападот видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат како студенти скокаат од прозорците за да избегаат од напаѓачот.

Според извор на „Раша тудеј“, копчето за аларм на универзитетот не се вклучило бидејќи чуварот бил еден од првите убиени.

Текстот (Видео) Напаѓачот од Русија објавил детали за нападот во универзитетот, во кој уби најмалку шест луѓе и рани 28 е превземен од МАКФАКС.