(Видео) Нов филм е најгледан на „Нетфликс“, ја симна „Сквид гејм“ од тронот

Army of Thieves (Армија на крадци“) на Зак Снајдер ја симна серијата Squid Game од првото место најгледани содржини на стриминг-платформата „Нетфликс“ по речиси еден месец доминација.

За кратко време „Сквид гејм“ падна на второто место поради серијата You, но набрзо се врати на тронот, каде што остана до крајот на октомври, кога „Армија на крадци“ конечно стана достапен за гледање.

Снајдер ја прослави веста преку својот Твитер-профил.

Army of Thieves е број еден во повеќе од 90 земји“, напиша тој.

Дејствието на филмот, кој всушност е петходник на филмот „Армија на мртвите“, е сместено во раните денови на инвазијата на зомби во Лас Вегас.

Приказната го следи Дитер, човек кој работи како благајник во банка, но чија специјалност е отворање сефови. Неговиот живот целосно се менува кога Гвендолин (Натали Емануел), криминалка барана од Интерпол, го контактира за да му предложи да отвори три од четирите сефови што ги создал Ханс Вагнер: Рајнголд, Валкире и Зигфрид.

Филмот моментално има оценка 6,4 на „ИМДБ“, а веб-страницата „Ротен томатос“, агрегатор на рецензии од филмските критичари, му дава оценка на филмот од 70%.

Текстот (Видео) Нов филм е најгледан на „Нетфликс“, ја симна „Сквид гејм“ од тронот е превземен од МАКФАКС.