(Видео) Поради наезда од глувци во Австралија евакуирани затвореници

Австралиските власти започнаа да евакуираат неколку стотици осуденици од еден затвор поради наезда на глувци, соопштија локалните власти, додавајќи дека затворениците ќе бидат префрлени на друго место додека не се санира штетата предизвикана од глодари.

Глувците оштетиле sидови и грицкале кабли во затворот во Велингтон, Нов Јужен Велс.

„Здравјето, безбедноста и благосостојбата на вработените и притворените лица се наш врвен приоритет. Затоа е важно да се дејствува што е можно побрзо за да се поправи ситуацијата“, изјавија локалните власти.

Повеќе од 400 затвореници и 200 вработени ќе бидат префрлени во други институции до крајот на јуни.

Источниот дел на Австралија е цел на инвазија на глувци кои влегуваат во куќи и уништуваат посеви со месеци. Животните се појавија во октомври поради исклучително добрата жетва по големата суша.

Текстот (Видео) Поради наезда од глувци во Австралија евакуирани затвореници е превземен од МАКФАКС.