(Видео) Прогласена голема катастрофа во Кентаки – уништени се и најцврстите згради

/

Спасувачките служби во Кентаки вчера ги пребараа урнатините во потрага по преживеани, по серијата моќни торнада што ја погодија таа американска држава, уништувајќи многу семејни домови и деловни згради.

Властите стравуваат дека повеќе од сто луѓе загинале и се надеваат дека има мала надеж да се најдат уште преживеани по разорните торнада што однесоа животи во најмалку пет држави. Шест лица загинаа кога торнадо уништи складиште на „Амазон“ во Илиноис, а уништен е дом за стари лица во Арканзас, при што загинаа две лица. Четири лица загинаа во Тенеси и две во Мисури.

The most intense damage I have found in #Mayfield. The entire path in the town is less than 2% of the total path length. Homes with only slabs remaining. #Tornado #wxtwitter pic.twitter.com/nXxoxNBVhY

— WxChasing- Brandon Clement (@bclemms) December 11, 2021

Сепак, најмногу штети претрпе градот Мејфилд во југозападниот дел на Кентаки, каде живеат 10.000 луѓе, а куќите беа срамнети со земја, беа искорнати огромни дрвја и сообраќајни знаци, а уништени се фабрика за свеќи, пожарна и полициска станица.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, рече дека најмалку 80 луѓе загинале во неговата држава и дека тој број може да се искачи на повеќе од сто, но рече дека се надева на чудо иако поминале повеќе од 24 часа откако бил пронајден во урнатини последниот жив човек.

„ Прво сите заедно ќе тагуваме, а потоа сите заедно ќе се фрлиме на обнова“, им рече Бешеар на новинарите, додавајќи дека торнадото зафатило површина од 365 километри.

Гувернерот рече дека ова се најразорните торнада во историјата на таа држава и дека се уништени и најсилните згради.

Повеќе од 300 членови на Националната гарда ги отстрануваат урнатините, тимовите делат вода и генератори, додека Федералната агенција за управување со кризи отвора засолништа и испраќа тимови и материјали, вклучувајќи 30.000 оброци и 45.000 галони вода.

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Кентаки, одлука што го отвора патот за дополнителна федерална помош.

Текстот (Видео) Прогласена голема катастрофа во Кентаки – уништени се и најцврстите згради е превземен од МАКФАКС.