(Видео) Проработе вулкан во Шпанија, лавата проголта 20 куќи

Шпанските власти евакуираа околу 5.000 луѓе од неколку села на канарскиот остров Ла Палма поради ерупција на вулкан, соопштија локалните власти.

„Лавата веќе „проголта“ 20 куќи во селото Ел Пасо и делови од патиштата“, изјави градоначалникот Серхио Родригез за Радио ТВЕ, пренесе „Ројтерс“.

A volcano eruption forced thousands of people to evacuate in La Palma, Spain

MORE: https://t.co/ZgemEDeahI pic.twitter.com/rN74ZQ054h

— RT (@RT_com) September 20, 2021

Сега се шири во соседното село Лос Ланос де Аридан, каде стотици куќи се во опасност.

„Локалните власти евакуираа околу 5.000 луѓе од четири села, вклучувајќи ги Ел Пасо и Лос Ланос де Аридан, и најверојатно нема да биде потребна нова евакуација на луѓе“, изјави регионалниот претседател на Канарските острови, Ангел Виктор Торес.

„Лавата се движи кон брегот и ќе предизвика материјална штета“, додаде тој.

Шпанскиот премиер Педро Санчез синоќа пристигна во Ла Палма за да разговара со локалните власти за тоа како да се реши ситуацијата.

„Ги имаме сите ресурси и војници, граѓаните можат да бидат мирни“, рече тој.

Текстот (Видео) Проработе вулкан во Шпанија, лавата проголта 20 куќи е превземен од МАКФАКС.