(Видео) Протест во Анкара и Истанбул по падот на турската лира

Истанбул и Анкара беа зафатени со спонтани протести по големата девалвација на турската лира, пренесуваат медиумите во таа земја.

Демонстрантите извикувале слогани барајќи владата да поднесе оставка и владејачката партија да се повлече.

Полицијата ја растера толпата.

İstanbul Kurtuluş’ta toplananlara polis müdahale ediyor.

pic.twitter.com/0oYL02uF4P

— fırat (@firatfstk) November 23, 2021

Турската валута денеска имаше пад од 11,37 на 13,21 лири за долар.

Како што анализираат финансиските аналитичари тој голем пад за еден ден е најголем во последните две децении.

Тие потсетуваат дека од јануари годинава турската валута загуби 70 отсто од вредноста.

Минатата недела Централната банка ја намали каматната стапка, како мерка за стабилизација на валутата.

Текстот (Видео) Протест во Анкара и Истанбул по падот на турската лира е превземен од МАКФАКС.