(Видео) Пукање на универзитет во Русија, студентите скокаа преку прозорци, има повредени

Непознато лице отворило оган врз студенти и предавачи во зградата на Универзитетот во Перм, руски град на Урал, пренесуваат руските медиуми.

Универзитетот Перм соопшти дека четири лица се повредени. Апелираат до студентите во универзитетскиот комплекс да се затворат во училниците.

#BREAKING: Shooting reported at Russian university, harrowing footage shows students jumping out of windows to escape gunman

More: https://t.co/gV0sv3xUdE pic.twitter.com/bZYNG177yM

— RT (@RT_com) September 20, 2021

Дел од агенциите, повикувајќи се на извор во брзата помош, објавија дека има загинати, но засега нема потврда за таа информација.

Студентите кои бегаат од зградата низ прозорците може да се видат на видеата што очевидци ги објавуваат на руските социјални мрежи.

Текстот (Видео) Пукање на универзитет во Русија, студентите скокаа преку прозорци, има повредени е превземен од МАКФАКС.