(Видео) Пукање во средно училиште во Вирџинија, има повредени ученици

Најмалку две лица се ранети во пукање во средно училиште во градот Њупорт Њуз, во сојузната држава Вирџинија.

Како што пренесуваат медиумите, ранети се момче и девојче на 17 години. Полицијата соопшти дека во тек е евакуација на учениците од гимназијата „Херитиџ“.

Shooting — Heritage High School –https://t.co/s6CcjGzwfi

— Newport News Police Department (@NewportNewsPD) September 20, 2021

Учениците се префрлени на тениските терени, каде што ќе може да се сретнат со своите родители, наведе полицијата.

Текстот (Видео) Пукање во средно училиште во Вирџинија, има повредени ученици е превземен од МАКФАКС.