(Видео) Самоубиствен напад во близина на воената болница во Кабул, има загинати

Најмалку две експлозии одекнаа во близина на воената болница „Мохамед Дауд Кан“ во Кабул, главниот град на Авганистан, а потоа се слушнаа истрели, јавија светските гласила.

На фотографиите што ги имаат објавено некои граѓани се гледа облак од чад кој се издигнува над местото каде што одекнаа експлозиите.

Некои медиуми тврдат дека се стравува дека има загинати.

Taliban sources claim Taliban forces reached the hotspot. #Kabul pic.twitter.com/SAZEKIaX8N

— FJ (@Natsecjeff) November 2, 2021

Талибанските претставници сè уште не се изјасниле за овој случај, а никој досега не ја презел одговорноста.

Агенцијата „РИА Новости“ јавува дека експлозијата ја предизвикал бомбаш самоубиец и потврдува дека по детонацијата се слушнале и истрели.

Исламската држава, која изврши напади врз џамии и други цели откако Талибанците ја презедоа власта во Кабул во август оваа година, нападна болница со 400 кревети во 2017 година, при што загинаа повеќе од 30 луѓе.

Текстот (Видео) Самоубиствен напад во близина на воената болница во Кабул, има загинати е превземен од МАКФАКС.