(Видео) СДСМ потпиша договор со 20 партии за заеднички настап на локалните избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави дека неговата партија заедно со уште 20 партии денеска потпиша договор за заеднички настап на локалните избори.

„Ова е коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, фаворит и победник на локалните избори“, рече Заев.

Тој кажа дека коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ на претстојните локални избори ќе има широка кадровска понуда и принципиелна соработка, во првиот и вториот изборен круг.

„Заеднички застануваме зад заеднички советнички листи но и зад 69 градоначалници. Вредносниот граѓански концепт на „Едно општество за сите“ значи продолжување на успешната коалициска соработка со партнерите ДУИ, БЕСА и ДПА на локалните избори. Секако преку изградени критериуми за взаемна поддршка на кандидатите со најдобра програма и најголема доверба кај граѓаните“, рече Заев.

Текстот (Видео) СДСМ потпиша договор со 20 партии за заеднички настап на локалните избори е превземен од МАКФАКС.