(Видео) СДСМ: Во првите месеци од мандатот Арсовска покажа целосна негрижа за скопјани

Сè што прави Данела Арсовска во првите месеци од мандатот е негрижа за граѓаните и Град Скопје, обвини во изјава за медиумите Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ.

„Првата штетна одлука на Арсовска беше прекинување на проектот за Бас рапид транзит, за кој беа обезбедени средства преку заем од Европската банка за обнова и развој.

На предлог на Арсовска управните и надзорните одбори на јавните претпријатиа и установи во Град Скопје се пополнија со кадри од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Данела Арсовска годинава ќе потроши 670.000 евра за да вдоми 109 кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација.

За само 10 дена Арсовска смени двајца директори на ЈП Градски паркинг и постави поранешен разузнувач кој е крајно некомпетентен за функцијата што му е доверена“, наведе Јајоска.

Додаде и дека Арсовска одбила Градот Скопје финансики да го помогне субвенционирањето на парното греење.

„Наместо бесплатен јавен превоз ЈСП воведе билет од 120 денари, а потоа бара пари од Владата за покривање на трошоците за гориво.

Арсовска две недели молчи и не одговара кој и со чии пари ја организрал и финансирал новогодишната ноќ на градскиот плоштад“, рече претставничката на СДСМ нагласувајќи дека тоа засега е учинокот на новата градоначалничка.

Текстот (Видео) СДСМ: Во првите месеци од мандатот Арсовска покажа целосна негрижа за скопјани е превземен од МАКФАКС.