(Видео) Шест лица застрелани за време на концерт во Америка

Шест лица се префрлени во болница откако биле застрелани на концерт во Орегон, во петокот вечерта, соопшти полицијата.

Шефот на полицијата Крис Скинер рано утрото им изјави на новинарите дека една жртва е во критична состојба, во како што ја нарече, една од најтешките престрелки што се случија во градот Јуџин.

#BREAKING: Six people transported to hospital after shooting outside concert hall in Eugene, Oregon; suspect fled scene – KEZIpic.twitter.com/c8C8QJ5zsz

— I.E.N. (@BreakingIEN) January 15, 2022

Тоа лице е однесено на операција, рече тој. Скинер не кажал во каква состојба се другите застрелани лица.

Пукањето се случило на паркингот пред концертната сала, каде настапувале Лил Бин и Заи Бенг и други бендови и изведувачи, соопшти полицијата.

Текстот (Видео) Шест лица застрелани за време на концерт во Америка е превземен од МАКФАКС.