(Видео) Стоилковски: Директорот на „Водовод“ за 9 месеци потрошил 22.000 евра за кафе и на кафеани

Душко Весковски, директорот на ЈП Водовод, од парите на претпријатието, за девет месеци за кафе и кафеани има потрошено 1.323.419 денари, речиси 22 илјади евра, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Сотилковски.

„За кафе и кафеани само во ресторани Душко Весковски има потрошено 17 илјади евра. Толку пари од ЈП Водовод се потрошени за репрезентација според извештајот кој што беше презентиран пред јавноста на седницата на Советот на Град Скопје“, посочи партискиот портпарол.

Стоилковски обвини дека ваквите неосновани трошења се случуваат во услови на ужасна економска криза.

„За спонзорства и донации според извештајот биле дадени 2.308.593 денари или речиси 38 илјади евра, пари од ЈП Водовод. Споредено со минатата година за овие две ставки, за репрезентација за потрошени речиси пет пати повеќе. Истата слика е и за донации и спонзорства, 450% повеќе.

Наместо да седи по кафеани, Весковски требало да се загрижи зошто компанијата оди во минус со наплатата која што е речиси половина, само 57%, но и како е можно дури 40% од неплаќачите да се фирми. Наместо да троши на репрезентации, Весковски требало да мисли зошто имало потреба од речиси 50 вработувања во услови кога не може да ја реализира наплатата, што времено, што за постојано“, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот (Видео) Стоилковски: Директорот на „Водовод“ за 9 месеци потрошил 22.000 евра за кафе и на кафеани е превземен од МАКФАКС.