ВИДЕО: Убава атмосфера на „Јохан Кројф“ Арената, грмат македонските навивачи во Амстердам!

/

Од 18.00 часот македонската фудбалска репрезентација ќе го игра последниот натпревар на Европското првенство во Амстердам против селекцијата на Холандија.

Се веат македонските знамиња и на „Јохан Кројф“ Арената во Амстердам, навивачите во градот со навивачки песни и пеење на химната повторно на најдобар можен начин ја загревааат атмосферата.