(Видео) Водачи на улични банди од Нов Зеланд повикуваат на вакцинација

Седуммина водачи на новозеландски банди ги здружија силите и ги повикаа луѓето да се вакцинираат, во кампања зад која стои министерот Вили Џексон.

Вкупно 3.634 случаи се пријавени во Нов Зеланд. Околу 70% од позитивните меѓу заразените во моментот се Маори и Пасифики, кои сочинуваат околу 27% од вкупното население. Околу 72% од Маорите кои ги исполнуваат условите добиле единечна доза од вакцината на „Фајзер“, во споредба со 85% од Пасификите и 88% од сите луѓе на возраст над 12 години.

Вирусот е откриен во најмалку три банди, што ги натера здравствените служби на некои водачи да им дадат статус на работници за да се ангажираат во тешко достапните заедници.

Криминологот др. Џерод Гилберт за „Хералд“ изјави дека е храбро од страна на Џексон што јавно се поврзал со толку широк спектар на луѓе во бандите.

„Ова е пример за тоа што треба да се случи ако сакаме да допреме до тешко достапните заедници – со ангажирање на луѓе кои се почитувани во тие кругови“, вели Гилберт.

Видеото било нарачано од министерот за развој на Маорите, Вили Џексон, по разговорите со водачите на бандите, кои потоа му ги предале снимките што ги монтирал синот на Џексон.

Текстот (Видео) Водачи на улични банди од Нов Зеланд повикуваат на вакцинација е превземен од МАКФАКС.