(Видео) „Заспа додека цел свет го гледаше“ – Трамп го исмеa Бајден што задремал на самитот

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го исмеа актуелниот претседател Џо Бајден (78) затоа што во понеделникот кратко задремал пред неговиот говор на самитот за климатските промени во Глазгов.

„Дури и Бајден не можеше да поднесе да слуша за измамата со глобалното затоплување, седмата најголема измама во Америка“, се пошегувал Трамп кога ги видел фотографиите на кои Бајден задремал.

US President Joe Biden appears to doze off while waiting to give a speech at #COP26.

Read more here: https://t.co/CnFFIZpSxB pic.twitter.com/OlSlOXmvOi

— Sky News (@SkyNews) November 1, 2021

„Го следат измамите што ги направи на претседателските избори во 2020 година, Русија и Украина. Бајден отиде во Европа велејќи дека глобалното затоплување му е приоритет, а потоа заспа, додека целиот свет го гледаше, на самата конференција. Некој што навистина верува во некоја тема нема да заспие“, додаде Трамп.

Медиумите потсетуваат дека Бајден беше снимен како седи со скрстени раце и постепено заспива додека се бори да ги држи очите отворени. На видеото, објавено од новинар на „Вашингтон пост“, како што анализираат, се гледа како 78-годишниот Бајден дреме по што му приоѓа помошник, кој го буди. Бајден потоа ги отвори очите, ги спушти рацете, а потоа му аплаудира на говорникот што ја заврши својата презентација.

Текстот (Видео) „Заспа додека цел свет го гледаше“ – Трамп го исмеa Бајден што задремал на самитот е превземен од МАКФАКС.