Видеоигри на „Нетфликс“ од оваа недела, но само за оние што имаат Андроид

„Нетфликс“ ги лансира своите први игри за паметни телефони, пренесува Би-би-си.

Игрите ќе бидат лансирани низ целиот свет за да се пробијат на пазарот за претплата на мобилни игри.

Оваа недела, новиот апдејт или ажурирање ќе биде достапен за сите корисници на Андроид паметни телефони, а ќе вклучува приказ на игри што може да се преземат.

За почеток ќе бидат активни пет игри: Stranger Things: 1984, Stranger Things 3: The Game, Card Blast, Teeter Up и Shooting Hoops.

„Иако ова е почеток на долго патување, ние сме возбудени што можеме да обезбедиме искуство за играње кое е различно од она што е достапно денес – ексклузивни мобилни игри без реклами, во апликација вклучени во вашата претплата на Netflix“, Би-би-си го цитира соопштението на „Нетфликс“.

Текстот Видеоигри на „Нетфликс“ од оваа недела, но само за оние што имаат Андроид е превземен од МАКФАКС.