Вил Смит се искачи на највисоката зграда во светот

Актерот Вил Смит (53) храбро се искачи на највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа во Дубаи, во новата Јутјуб-серија Best Shape of My Life.

Неговата трансфорација на телото, откако реши да ослабне, е тема на нова серија на Јутјуб, „Најдобра животна форма“, и изобилува со смешни, возбудливи и ранливи моменти.

Но, можеби највпечатливото парче од двете премиерни епизоди во понеделникот беше неговото искачување на врвот на највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа во Дубаи.

Структурата е на 2.722 стопи и има 160 ката. Во втората епизода, „Мојот таен срам“, 53-годишниот актер си постави задача да го достигне врвот по разочарувачкиот почеток на неговиот обид за губење на телесната тежина и пишување книги.

Епизодата започна со неговото читање на поглавје од претстојната автобиографија во која се сеќава на своето детство со неговиот милитантен татко Вилард Керол Смит, постариот.

„Татко ми беше мојот херој“, започна тој опишувајќи го својот родител. „Тој бараше круто совршенство од себе и од луѓето околу него“.

Вил открива: „Пораснав со дисциплината на дарба со две острици“.

Текстот Вил Смит се искачи на највисоката зграда во светот е превземен од МАКФАКС.