Владата ја усвои информацијата за клучните препораки од Извештајот на ЕК

Министрите во Владата денеска ја разгледаа и усвоија и информацијата за клучните наоди и препораки од Извештајот на Европската комисија за Македонија за 2021 година, во кој се констатира дека земјата продолжува да ги исполнува условите за отворање на пристапните преговори, и дека властите јавно ја демонстрираат својата цврста посветеност за напредок на земјата на нејзиниот пат кон ЕУ, соопштија од прес-службата на Владата.

„ Комисијата ги повика земјите членки без одлагање да ја усвојат Преговарачката рамка и да се одржи првата Меѓувладина конференција, и укажа дека одложувањето на официјалното започнување на пристапните преговори има негативно влијание врз кредибилитетот на ЕУ.

Согласно извештајот на Европската комисија, Владата го задолжи Секретаријатот за европски прашања, во соработка со ресорните министерства да ја ажурира Агенда Европа дома согласно краткорочните приоритети од Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година најдоцна до 22 ноември 2021 година“ се додава во соопштението.

Текстот Владата ја усвои информацијата за клучните препораки од Извештајот на ЕК е превземен од МАКФАКС.