Владата одобри влез и престој на странски вооружени сили

Владата донесе одлука за одобрување влез и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на вежбата „Swift Response – 22.

Со оваа одлука Владата ги задолжи надлежните институции да преземат мерки за непречено преминување на државната граница на повеќе од 850 воени и цивилни моторни возила, 8 авиони, 24 хеликоптери, 5 беспилотни летала, вооружување, муниција, опрема и материјално-технички средства на вооружените сили на странските држави на територијата на Република Северна Македонија.

Вежбата Swift Response – 22 е дел од вежбата DEFENDER EUROPE 22, со учество на поголем број припадници на армиите од НАТО и Партнерството за мир и ќе се изведува истовремено на 5 локации во Европа.

Текстот Владата одобри влез и престој на странски вооружени сили е превземен од МАКФАКС.