Владата прогласи тридневна жалост

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на денешната редовна 120-та седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.

За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 ноември заклучно со 25 ноември (вторник, среда и четврток), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјата и странство, ќе биде истакнато на половина копје.

Се одлагаат сите јавни настани, а медиумите треба да ги приспособат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост.

Текстот Владата прогласи тридневна жалост е превземен од МАКФАКС.