Влаховиќ испиша историја – Играч со најмногу голови во една календарска годинаина

Победа за Фиорентина во режија на Влаховиќ, реми без голови на „Мараси“ во Џенова и изненадувачки пораз на Сасусоло од Емполи е епилогот на попладневните натпревари во Серија А.

Додека се подготвува да ја напушти Фиорентина, Душан Влаховиќ, продолжува немилосрдно да ги тресе противничките мрежи.

Српскиот репрезентативец со хет-трик и ја донесе победата на Фиорентина над Специја. Влаховиќ влезе во историјата на Фиорентина, како играч кој постигнал најмногу голови во една календарска година, или „Ера три поени“, како што ја нарекуваат Италијанците.

Најпрвин со 23 гол се израмни со Габриел Батистута, потоа со 24 се израмни со Лука Тони, а со 25 гол стана апсолутен рекордер.

Апсолутен рекордер, сметајчи ја и ерата кога за победа се доделуваа два бода, рекордер од 1959 година, со 27 гола е Курт Роналд Хамрин.

Џенова на „Мараси“ не успеа да ја победи Венеција. Натпреварот во кој 45 минути одигра Горан Пандев, заврши без голови.

Емполи со пресврт во второто полувреме го победи Сасуоло. Тонели во 43.минута обезбеди предност да домашниот тим. Во вториот дел пресвртот го направија Пинамонто во 83. и Зуровски во 92.минута.

Текстот Влаховиќ испиша историја – Играч со најмногу голови во една календарска годинаина е превземен од МАКФАКС.