ВМРО-ДПМНЕ: Ако Георгиевски е сигурен во своето домаќинско работење веднаш нека покрене тужба за изнесените информации

За 103 дена да се реализираат налози во вредност од 11 милиони денари е практично и физички невозможно, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Податоците се евидентни да и обичен лаик воочи дека е невозможно за само 103 дена да се исцрпат 7 милиони денари за реконструкција на улично осветлување и уште 4 милиони за инсталација на 15тина нови линии за улично осветлување. Доколку Борис Георгиевски е сигурен во своето домаќинско и чесно работење уште веднаш нека покрене тужба за изнесените информации, бидејќи податоците говорат друго.

Јавно го повикуваме актуелниот градоначалник на Гази Баба да направи ревизија и да формира комисија за да ја утврди фактичката состојба на терен, бидејќи согласно нашите информации тврдиме дека не соодветствуваат записниците за реализирани работи на терен со фактичката и актуелна состојба на терен, а за што е потпишано од надзорот“ порачуваат од партијата.

Оттаму додаваат дека тоа е начинот на испумпување на парите на граѓаните. Цели 11 милиони денари.

Воедно, граѓаните следните денови ќе дознаат и за други сомнителни договори што се склучувани од кадрите на СДСМ, секако на штета на граѓаните, се додава во соопштението.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Ако Георгиевски е сигурен во своето домаќинско работење веднаш нека покрене тужба за изнесените информации е превземен од МАКФАКС.