ВМРО-ДПМНЕ: До каде е истрагата како Вице исчезна од кривична пријава за рекет во РЕК?!

Љупчо Николовски треба да одговори зошто како вицепремиер одговорен за борба против корупцијата уште не истражил и нема разрешница за тоа како Вице исчезна од кривична пријава за рекет во РЕК, зошто Вице не е повикан во ЈО, но и зошто случајот стои замрзнат?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога ќе одговори за Вице, нека каже и зошто Ден Дончев, наместо на истражна клупа, се наоѓа на слобода? Но, и до каде се случаите со Драги Рашковски, кој беше фатен инфлагранти во криминал и местење тендери? Од вицепремиерот се очекува да каже и до каде се случаите со Лидија Димова.

Одговори чекаме и за провизиите на Венко Филипче од вакцините, матните тендери во здравството и сите пропусти на министерот смрт Филипче. Долга е листата за истраги и процеси што се закочени или воопшто не се отворени. За сите овие криминали ќе има одговорност. Заев и Николовски може само привремено да ја одложат, а со тоа дополнително да се инкриминираат“, се наведува во соопштението на партијата.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: До каде е истрагата како Вице исчезна од кривична пријава за рекет во РЕК?! е превземен од МАКФАКС.