ВМРО-ДПМНЕ: Единствено што функционира во државата е криминалот на СДСМ и ДУИ

ДУИ и СДСМ ги обединува само желбата за власт и криминалните тендери, oбвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тие се главната причина поради која Македонија се наоѓа во невидена економска, енергетска и здравствена криза. Единствено кое организирано функционира во државата е криминалот на власт на СДСМ и ДУИ, а сè друго тоне“, се наведува во партиската реакција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ е со полна уста европски вредности, а краде, а нивниот партнер истото го прави, ама освен со европски вредности користи, како што велат, зелени агенди или албански интереси за да ја замајуваат јавноста.

„Македонија ја владее мафија која ги има поделено бизнисите и сферите на интерес. Затоа не се напаѓаат, затоа не се гонат за криминал, оти народот вели врана на врана очи не вади. Исти се“, стои во партиското соопштение во кое се наведува дека како што ддружно ги делат интересите, така СДСМ и ДУИ дружно и ќе бидат казнети од страна на народот.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Единствено што функционира во државата е криминалот на СДСМ и ДУИ е превземен од МАКФАКС.