ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бил предупреден за лошиот квалитет на модуларните болници, но не реагирал

За време на ковид пандемијата, а и за целиот негов мандат, Венко Филипче покажа само едно, дека и во криминалот, и во одморите и забавите е со Зоран и Вице Заев. Тие не се грижат за здравјето и животот на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, Филипче иако бил предупредуван за лошиот квалитет на материјалот од кој се правени модуларните болници, не реагирал ама затоа како што велат, трчал по брзи пари.

„Неговото трчање по брзи пари чинеше 14 жртви, семејства завиени во црно. 14 лица загинаа во пожарот во модуларната болница во Тетово која изгоре за две минути. Филипче и Заев се заинтересирани само за бизнисот и провизиите, ама не и за тоа дали има соодветни услови за лечење на граѓаните. Па така бројката на починати од корона е скоро 6.500 лица“, е непишано во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека е потребна професионална и независна истрага за пожарот во модуларната болница во Тетово. Тоа, според ВМРО-ДПМНЕ, може, но само со оставки на Филипче и Заев.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бил предупреден за лошиот квалитет на модуларните болници, но не реагирал е превземен од МАКФАКС.