ВМРО-ДПМНЕ: Недела неработен ден опфаќа над 40 исклучоци и не се однесува на сите вработени

СДСМ четири години ветуваат еден единствен проект за недела неработен ден, а во реалноста работниците тонат во сиромаштија, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната прес-конференција на Богданка Кузеска.

„Поради неспособноста на власта стандардот на граѓаните тоне од ден во ден, инфлаторната спирала расте, цените на производите во продавниците секој ден се покачуваат, а платите се трошат уште на самиот почеток на месецот. Тешко на економијата и на граѓаните со власт чиј единствен проект во време на ваква криза и недела неработен ден“, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека не се против неделата како неработен ден, но сметаат дека власта треба искрено да им каже на граѓаните дека, како што велат, ова решение кое го нуди опфаќа преку 40 исклучоци што значи не ги опфаќа сите вработени.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Недела неработен ден опфаќа над 40 исклучоци и не се однесува на сите вработени е превземен од МАКФАКС.