ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ангажирал институции да му креираат измени на фактичка состојба на документи за скандалот со дивоградбата

Шилегов уште повеќе се заплетка во аферата со дивоградбата на семејната зграда. Во паника од излегувањето на скандалот на 04.09, внимавајте во САБОТА, му била впишано право на сопственост на земјиштето, основен предуслов за било какви градежни активности, реагираат преку писмено соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Била ангажирана цела една институција и вработени во САБОТА да му го забошотуваат скандалот. Но дали само катастар или и други институции се ангажирани, дали бил вршен безочен фалсификат на документи во сабота или ноќе за да се покрие дивоградбата на Шилегов?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека тоа е причината заради која Шилегов, како што велат, со денови молчеше, бидејќи му требало време за да се фабрикуваат документи.

„Да беше Македонија правна држава ко што не е, да беше ослободено судство кое што не е уште од пред некој ден ќе имаше инспектори на терен, веќе следниот ден ќе имаше решение за уривање на дивоградба, а во исто време некој ќе му подготвуваше кривична пријава за нелегално градење и евентуална злоупотреба на службена должност. Замислете каква е одговорноста за тој кој наместо да го штити градот Скопје од урбаната мафија, самиот е урбана мафија и прешол од другата страна на законот. Граѓаните видоа дека додека Шилегов се богател, граѓаните осиромашувале“, стои во писмениот допис од опозициската партија.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ангажирал институции да му креираат измени на фактичка состојба на документи за скандалот со дивоградбата е превземен од МАКФАКС.