ВМРО-ДПМНЕ: Заев макар на „Фејсбук“ нека одговори кога ќе си поднесе оставка

Со оглед на фактот што цели осум дена Зоран Заев го нема никаде во јавноста, а инаку најави оставка и го снема, отвораме дилема дали вистински седи и зад својот последен фејсбук-статус, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на обраќањето на Заев преку социјалните мрежи.

„Доколку е навистина тој, тогаш добро е да одговори макар и на ‘Фејсбук’ кога ќе си го исполни последното ветување за оставка од премиер и претседател на СДСМ? Кога зборува Заев за кауза, за ЕУ, Бугарија и за Охридскипт договор, треба да се знае дека мисли единствено за заштита на криминалот, тендерите, кражбите во РЕК“, се наведува во реакцијата во која се додава дека Заев е загрижен за фотелјата, но не и за иднината на државата.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Заев макар на „Фејсбук“ нека одговори кога ќе си поднесе оставка е превземен од МАКФАКС.