Во Брисел седница на Советот за надворешни работи на ЕУ

На денешната седница на Советот за надворешни работи на ЕУ, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, меѓу другото, ќе информира за исходот од новата рунда на дијалогот Белград-Приштина, наведуваат извори на ЕУ во Брисел, пренесува Радио Слободна Европа.

Министрите на ЕУ, како што е најавено, ќе разговараат за процесот на стабилизација и асоцијација. Дипломатски претставници на ЕУ објаснија дека повеќето членки на ЕУ се спротивставуваат на отворање нови поглавја во разговорите за членство со Србија, велејќи дека властите во Белград не успеале да ги спроведат очекуваните реформи, пред се во областите на владеење на правото, антикорупција, судска независност и слобода на изразување.

Целиот напис прочитајте го овде.