Во Германија експлодираат нови инфекции со Ковид-19 – можен „локдаун“ преку зима

Во Германија трет ден по ред се бележи нов рекорден дневен број на новозаразени со коронавирус.

Според Институтот Роберт Кох (РКИ), утринава биле пријавени 39.676 новозаразени лица, бројка што Германија досега ја немала.

Поради тој раст, вирологот Кристијан Дростен посочува дека дупката во вакцинацијата мора да се затвори и дава застрашувачки прогнози за зимата.

Претходниот рекорд беше поставен во петокот со 37.120 новозаразени. Рекорди по дневна инциденца се регистрирани и во изминатите два дена. Исто така, загрижувачки е и бројот на починати заразени со коронавирус, бидејќи во изминатите 24 часа починале 236 луѓе.

Пред една недела таа бројка беше 194. Дростен нагласува дека е потребно нешто да се направи и дека сигурно ќе мора да има ограничување на контактите меѓу луѓето.

„ Ние сме во лоша ситуација. Имаме 15 милиони луѓе кои можеле да се вакцинираат, а не се вакцинирале“, рече тој.

Текстот Во Германија експлодираат нови инфекции со Ковид-19 – можен „локдаун“ преку зима е превземен од МАКФАКС.