Во Германија рекорден број новозаразени од коронавирус

Во Германија денеска се регистрирани 33.949 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен број на заразени од почетокот на пандемијата.

Земјите во Европа бележат пораст на нови случаи на Ковид-19, а многу власти го доведуваат во прашање повторното воведување построги мерки.

Големиот број на нови инфекции во Германија може да биде резултат на државниот празник што се одржа во понеделникот во некои делови на земјата, што доведе до одложување на собирањето податоци. Претходниот рекорд по број на нови случаи (33.777) е забележан на 18 декември 2020 година.

Досега само 6,7 отсто од германските граѓани на возраст над 60 години примиле трета доза вакцина против Ковид-19.

Текстот Во Германија рекорден број новозаразени од коронавирус е превземен од МАКФАКС.