Во Холандија запленети четири тони кокаин во пакување од соја

Холандските цариници открија повеќе од четири тони кокаин скриен во пакување од соја, што е најголемата заплена на дрога оваа година во таа земја.

Дрогата, чија вредност на црниот пазар се проценува на 313 милиони евра, била откриена претходната ноќ во пристаништето во Ротердам.

Стоката била откриена во контејнер од Парагвај кој требало да пристигне во Португалија.

Запленувањето на дрога во пристаништето во Ротердам, најголемото во Европа, е речиси секојдневно оваа недела.

Минатиот месец полицијата во тоа пристаниште заплени кокаин чија вредност се проценува на 301 милион евра.

Според извештајот на Европол, сега наместо Шпанија, главните точки за шверц на кокаин во Европа се Холандија и Белгија.

Текстот Во Холандија запленети четири тони кокаин во пакување од соја е превземен од МАКФАКС.