Во полициска акција, пронајдена дрога во угостителски објект во Битола

Синоќа во време од 23.30 до 02.30 часот направена е контрола од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола и Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, во координација со Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат, во два угостителски објекти во Битола и тоа еден лоциран на ул.Широк сокак во Битола и еден лоциран на ул.Партизанска во Битола.

При контролата, во објектот на ул. Широк сокак пронајдена е марихуана, две пакувања со бела прашкаста материја и три таблетки.

Приведено е едно лице за утврдување на идентитет, а лишени од слобода се и осум лица за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци.

Од страна на Државен пазарен инспекторат констатирани се неправилности односно утврдено е присуство на пет лица без ковид сертификати и за тоа ќе следат соодветни поднесоци.

Во објектот на улица Партизанска констатирани се прекршоци- карање, викање и дрско однесување и нарушување во пијана состојба од Законот за прекршоци против јавен ред и мир при што се приведени три лица.

Лишено од слобода е едно лице за спречување на службено лице при вршење на должност, а од Државен пазарен и инспекторат констатирано е присуство на едно лица без ковид сертификат и едно лице со лажен ковид сертификат.

Текстот Во полициска акција, пронајдена дрога во угостителски објект во Битола е превземен од МАКФАКС.