Во Скопје има заразени 139 основци и 70 средношколци, тврди Министерството за здравство

40 отсто е намелена инциденцата на ширење на вирусот кај населението на ниво на целата држава со почетокот на училишната година во споредба со ширење на вирусот во последните две недели во август, покажува последната епидемиолошка анализа на Институтот за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство.

„Во епидемиолошката анализа на Институтот опфатена е возрасна популација од претшколска, основно, средно и академска. Во предучилината и училишната возраст најмал е бројот на зазарени во споредба и по возрасни групи, односно на возраст од 0 до 9 години има само 3,9 % во државата се ковид-позитивни“, се наведува во извештајот.

Според дистрибуција по градови, во Скопје има 139 заразени основци, 70 средношколци, 72 од академската популација и 28 деца во претшколска возраст. Во Куманово има 5 заразени основци, 8 средношколци, 18 од академската популација и 3 деца во претшколска возраст. Во Штип 2 деца од претшколска возраст се ковид-позитивни, 5 основци, 8 средношколци и 3 од академската популација. По 2 заразени деца од претшколска возраст има и во Велес и Ресен и 1 е заразено во Прилеп. Од популацијата во основно, во Велес и Ресен има по 5 ученици, 6 има во Струмица и Кавадарци, а 8 во Прилеп.

Средношколци позитивни на Ковид-19 има 3 во Велес, 7 во Кавадарци, 4 во Прилеп и 2 во Струмица. И од академската популација заразени со вирусот се 6 во Велес, по 2 во Кавадарци и Прилеп и по 3 во Струмица и Ресен. Во согласност со овие податоци и намалената инциденца на ширење на вирусот нема потреба од промена на моделот на настава, сметаат од Комисијата за заразни болести.

Текстот Во Скопје има заразени 139 основци и 70 средношколци, тврди Министерството за здравство е превземен од МАКФАКС.