Во Словенија рекорден број новозаразени од почетокот на епидемијата

Рекордни 3.450 нови заразени со коронавирус се потврдени во Словенија во последните 24 часа, објави Институтот за јавно здравје.

Најголем број потврдени случаи во еден ден од почетокот на епидемијата досега е забележан на 5 јануари годинава, кога се потврдени 3.428 нови случаи.

И покрај големиот пораст на новозаразени и хоспитализирани, словенечката влада нема да се определи за „целосно заклучување“ на десет дена, што го предложија епидемиолозите како едно од решенијата за справување со епидемијата, објавија денеска словенечките медиуми.

Конечната одлука Владата ќе ја донесе утре на седница, но наместо затворање, поверојатно е да се одлучи за други, помалку ригорозни мерки: скратување на работното време на рестораните, работа од дома за јавниот сектор, ограничување на дозволените собири и слични ограничувања.

Директорот на Институтот за јавно здравје (НИЈЗ) Милан Крек изјави дека епидемиолошката состојба е тешка и дека, според прогнозите, врвот на сегашниот бран се очекува кон средината на ноември.

Текстот Во Словенија рекорден број новозаразени од почетокот на епидемијата е превземен од МАКФАКС.