Во угостителски објект во Тетово уапсени две девојки, се сомничат за трговија со луѓе

Ноќеска, околу 00.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово, во акциска контрола спроведена во угостителски објект на улицата Страшо Пинџур во Тетово, сопственост на А. Б. (44) од тетовско Селце, ги лишиле од слобода Е. С. (22) од Република Србија и Б. С. (27) од Скопје поради сомнение дека Е. С. го злоупотребила туристичкиот престој, а Б. С. поради сомнение за инволвираност во трговија со луѓе.

Двете женски лица се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

Текстот Во угостителски објект во Тетово уапсени две девојки, се сомничат за трговија со луѓе е превземен од МАКФАКС.